Најдобриот руски тим ЦСКА Москва го обезбеди потписот на најдобриот стрелец во Евролигата на рускиот репрезентативец 32-годишниот Алексеј Швед.
Швед ја прифати понудата од „армејците“ и одново ќе го носи дресот на истите со оглед на тоа што беше нивни член во периодот од 2006 до 2012 година.
Химки се соочува со финансиски проблеми, па сосема разбирливо е што Швед како најскапоплатен играч си замине од тој клуб и се врати во ЦСКА со која потпиша едногодишен договор со опција за уште една сезона.