сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

УХМР: Стабилно и топло време, во понеделник и вторник до 40 степени

УХМР: Стабилно и топло време, во понеделник и вторник до 40 степени

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени.

Дестабилизирање на времето се очекува од среда кога и температурите постепено ќе бидат во опаѓање.

Како што објави претходно УХМР, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.

Најнови вести