понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сончево и топло до среда, следува дожд

Сончево и топло до среда, следува дожд

Сончево и многу топло време со мала локална облачност најавуваат синоптичарите за денес. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево време со максимална дневна температура до 38 степени.

И за утре метеоролозите најавуваат сончево и многу топло време, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во горниот дел на Повардарието од северен правец. УВ=8

Мал пад на температурите и нестабилност се најавува од среда кога максималната дневна температура ќе биде 37 степени, а во следните два дена до 34.

Времето во среда ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Најнови вести