Даниела Родиќ, мајката на снаите на Цеца и Гоца Божиновска во интервју за српските медиуми вели дека сака да има дури девет внуци.
-Сакам секоја моја ќерка да има по три деца. Богдана го има прекрасниот Жељко, Бојана минатата недела го роди Зоран, а сигурна сум дека нема да застанат на едно дете. Истото го очекувам и од ќерката Наташа која се уште не е мажена. Сакам да имам девет внуци, вели Даниела.
Таа додава дека сосема случајно ќерките им станале снаи на познатите пејачки.
-Ниту на сон немаше да претпоставам дека ќе се ородам со Цеца и Гоца. Тоа е судбина, никој не планираше такво нешто, вели Родиќ која додава дека е блиска со двете сваќи.
-Одлично се сложуваме, не можам да одвојам која ми е подрага, двете се супер. Со Цеца бев на Кипар и феноменално си поминав. И со Гоца сум во контакт, имам само пофални зборови за неа. Среќна сум што Богдана се сложува со Цеца како и Бојана со Гоца, сите се почитуваме, а тоа е најважно, додава таа.