недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Две жени тешко повредени во сообраќајка на патот кон езерото Младост

Две жени тешко повредени во сообраќајка на патот кон езерото Младост

Во сообраќајка пријавена од СВР Велес која се случила доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица, автомобил се превртел движејќи се кон езеро ,,Младост”, при што тешко се повредени две женски лица, информира за МИА д-р Василка Пановска ПопСтефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом.

-Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен , а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет информира д-р.Пановска ПопСтефанова .

Од страна на два тима од ИМБ пациентите се згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.

На лице место увид на несреќата, направила екипа на СВР Велес.