Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 8.192 тестирањe, а регистрирани се 1.250 нови случаи на КОВИД-19.
Пријавени се 22 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (51г,66г,69г, и 72г), и Тетово (38г,71г,72г и 77г), 3 починати лица од Гостивар (57г,72г и 80г), по 2 починати лица од Охрид (69г и 85г), Струга (66г и 73г), Кичево (47г и 83г) и Дебар (67г и 84г), по едно починато лице од Куманово (64гг), Велес (47г) и Валандово (76г).
Од пријавените починати, 21 лице се починати во болнички услови, едно лице е починато во домашни услови.