петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Куба: Вакцините „Соберна 2“ и „Соберна плус“ одобрени против Ковид-19

Куба: Вакцините „Соберна 2“ и „Соберна плус“ одобрени против Ковид-19

Куба одобри за употреба уште две вакцини против коронавирус.

Властите во Куба соопштиле дека комбинацијата од две дози од вакцината „Соберна 2“ и една доза од „Соберна плус“ се ефикасни против коронавирус од 91,2 проценти во испитувањето извршено во три фази.

Кубанскиот Центар за контрола на лекови и медицински уреди објави дека е дадено одобрување за употреба на двете вакцини.

На развојот на „Соберна 2“ работеле заеднички институции од Кина и Иран. Иран веќе ја одобри вакцината под името „Пастерковак“.

Во јули Куба ја одобри својата прва вакцина против Ковид-19, „Абдала“.