среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Она, кога македонскиот талибански лидер пушта брада

Она, кога македонскиот талибански лидер пушта брада

Знаете колку е 10 насто од 7.700? Прашајте го Зоче Талибански, лидерот на Заевистан, кој во континуитет ништи една македонска култура. Црпнатиот вели дека 10% од 7.700 било 77. За некого, 10 насто е исто со 1%?! Случајно? Јок, пресметано, оти така на некого му одговара , башка што пресметувачот ЗЗ е математички и политички неписмен, ама мноооогу корисен…

Пазарџијата ЗЗ знае како да смета кога некој му бара. А, кога треба да земе, Заев за 10 насто од 7.700 знаете што би рекол? 77.000, разбира се. Пазарџиски, чушка-френка менталитет. Кога треба да ќари, тезгарот додава, на ангро. А кога треба да даде, одзема, исто, на ангро. Таква му е вагата. Па така, наеднаш на ЗЗ и Еди Драма први “у свет“ им текна да примат Авганистанци? Јако текнувало, а? „Случајно“ на иста линија со познатиот му Драма со кој преку Албанците во МКД Зоче и стаса на власт во 2017-та за име да смени, а сега први во свет скокнаа Авгани да примаат? ЗЗ математика…

А примери за „лошата“ и невесела ЗЗ математика, мал милион…

Ви текнува колку северџани гласаа на „референдумот“? 600.000 беа за ЗА. А Зоче, победници ги стори, башка како „храбри“ ги оквалификува, нали… А вакцините, заради кои сега сургун тераат и во кафеани не примат? Епа,сите знаевме дека ги нема, ама ЗЗ со другарчето Филипчо со кој провизиии тераа, тврдеше дека имало на претек. Резултатот го знаеме, корона шампиони по смртност, заразеност и се’ друго…

Пожари? Хмммм… Имаа три авиона, дадени од Грујо, ама не ги сервисирале пустите Заевистанци. И? Епа, не биле Канадери, туку Ер трактори, со помал капацитет. ЦЦЦЦЦ. Класичен комуњарски, интелектуално евтин спин. Ама, на „граѓани“ делуе, проверено. Па, затечени во комуњарската уличка, срочија: „Не е битно колку шума ќе изгори, битно човек да не загине!“ глаголаше Стојанче. И? И изгореа стотици хектари шума. И никому ништо.

Исто ко сега, демек хумани биле, па Авгани примале. А кога име на држава менуваа, тогаш ОК беше да сменат без дозвола на народ цел, истиве „ХУМАНИТАРЦИ“ сега за човекови права толку многу загрижени, а? Или погрешна перцепција имаме, ко и секогаш?

Економија? Дно-дна, по дно, здравје. Ко Грчка на времето сме, ама за другарче и компанија, сме биле топ… И што „задње“ рече Зоче? Колку Авганистанци ќе примиме? Беа 150, па 386, за да наеднаш биднат 1.800 бегалци, за кои дел од светските медиуми велат дека биле дел од нечија прикаска, само не Авганистанска…

И така, случајно нели, се нашла да им „ускочи“ една земја, држава каде да се биде кодош и контра својата нација е предуслов за успех во кариера. И ги примиле. Арно ама, по Заевата математика, која е пута десет кога му одговара, веројатно тие истите 1.800 ќе станат 18.000, а можеби и 180.000?! Ве чуди? Јок. И, ви текнува на една прикаска од 1999-та, кога примивме 450.000, за да по две години од истатата да добиеме „награден“ конфликт???

Велат, со Авганите нема да имаме таков проблем, затоа што можеби дел и се кодоши, ко што велат светскиве медиуми, ама кога ќе ги видат нашиве северџански им побратими, ќе фатат усвета, што подалеку. Чуму, се прашувате??? Па, Авганистанците најдобро знаат, од прва рака. Не бадијала избегаа од таму. Со лидери и политичари кои је продаваат својата сопствена нација и држава за да владејат со земјата, подобро е работа да не си имате.

Го знае тоа и Зоче Корисниот, па веќе и се маскира црпнатиот. А, ако се сомневате, само присетете се дека лидерот на македонските северни Талибанци од неодамна пушта и брада. Мимикрија. Знае пустиот, дека Талибанците сега се на цена. А, ако во 90-те од протестант станал православец, чуму во 2021-ва да не смени пак…