четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан со победа ја стартуваше новата сезона во Серија А

Милан со победа ја стартуваше новата сезона во Серија А

Италијанскиот фудбалски клуб Милан со победа ја отвори новата сезона во Серија А откако славеше на гостувањето кај Сампдорија со 1:0.

Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Брахим Дијаз кој уште во 9. минута ја искористи асистенцијата на Давиде Калабрија.

До крајот на полувремето двете страни имаа уште по една голема шанса, меѓутоа мрежите мируваа.

Во вториот дел Милан ја зацврсти својата игра и не дозволи Самдорија посериозно да се закани до голот на Мајк Маињан кој ја зачува својата мрежа во официјалното деби за клубот.