четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алегри не е разочаран од желбата на Роналдо да го напушти Јувентус

Алегри не е разочаран од желбата на Роналдо да го напушти Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека напаѓачот Кристијано Роналдо навистина сака да го напушти клубот. Италијанскиот фудбалски стручњак не е разочаран од одлуката на фудбалерот.

– Не сум разочаран од Кристијано Роналдо. Тој сака да го напушти Јувентус, тој веќе го направи својот избор. Сега ќе бара нов клуб откако помина три години овде. Ова е само дел од животот, изјави Алегри.

Претходно се дозна дека Роналдо веќе се поздравил со соиграчите од тимот и дека чека трансфер во Манчестер сити.

Минатата сезона Роналдо одигра 44 натпревари за Јувентус, постигна 36 гола и забележа  четири асистенции.