вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус е на потег, Азар во Торино

Јувентус е на потег, Азар во Торино

Кристијано Роналдо си замина од Јувентус и се врати во Манчестер Јунајтед и остави празно место во тимот од Торино.

Сега е Јуве на ред за да се покаже на трансфер пазарот и во само неколку дена најде замена за Роналдо. Шпанската “Марка” вели дека најреална опција е Еден Азар, кој со оглед на фактот што во Реал Мадрид пристигнува Килијан Мбапе очигледно дека е на излезна врата од Сантијаго Бернабе.

На Белгиецот Јувентус секако дека би му понудил сериозна минутажа и рехабилитација на неговата неуспешна епизода во тимот на Реал Мадрид каде беше се, само не супер засилување како што некогаш беше најавуван. Моисе Кеан, некогашниот член на Јуве и во моментов член на Евертон, кој одигра сезона како позајмен во ПСЖ исто така се се поврзува со враќање во Торино.