Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен не беше толку активен на трансфер-пазарот ова лето, но медиуми од оваа земја шпекулираат дека до крајниот рок Баварците ќе пробаат да ги засилат своите редови со уште двајца фудбалери.
Тоа се Марсел Сабицер од Лајпциг и фудбалерот на Борусија Мехенгладбах Јонас Хофман. Во случајот со Сабицер обештетувањето треба да биде помеѓу 12 или 13 милиони евра.
Според германските медиуми, Нагелсман разговарал лично и со Хофман, со кого наводно било договорено сè што е поврзано со платата и бонусите. За да се раздели со него, Борусија бара отштета во износ од 20 милиони евра.