Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски во новиот тим се наметнува како еден од лидерите на тимот на Ал Ахли.
На вториот одигран меч во шампионатот на Саудиска Арабија македонскиот репрезентативец се избори и за место во идеалниот тим на третото коло од шампионатот.
Алиоски беше одличен на мечот против Дамак, на кој Ал Ахли и покрај големата иницијатива не успеа да стигне до победа ремизирајќи 1-1.
Ал Ахли неочекувано по три кола се наоѓа на дванаесеттото место на табелата со само три освоени бода од исто толку одиграни натпревари.