вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан го договори Бакајоко

Милан го договори Бакајоко

Италијанскиот фудбалски тим Милан во финишот на летниот преоден рок си ангажираше уште едно засилување, кое треба да им помогне во остварување на целите за новата сезона, а тоа е добар настап во Лигата на шампиони и борба за топ-4 во Серија А.

„Росонерите“ се обидуваа во претходните две сезони да го ангажираат повторно на позајмица, но не можеа да ги победат Наполи и Монако, каде што беше Бакајоко на позајмица.

Милан конечно го договори Бакајоко и по две години повторно успеа да го позајми Французинот од Челси.