среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Уште една песна на Лукас и Ивана Селаков отстранета од Јутјуб: Драмата продолжува, се води војна за пари

Уште една песна на Лукас и Ивана Селаков отстранета од Јутјуб: Драмата продолжува, се води војна за пари

Поранешните пријатели и долгогодишни соработници Ивана Селаков и Аца Лукас влегоа во војна поради последниот дует „Сватови“, кој беше отстранет од Јутјуб по само еден ден. Сепак, ова не е единствената нивна дует песна што исчезна од споменатата платформа.

Имено, спотот за песната „Омакло ми сe“, која двајцата заедно ја пееја, исто така беше отстранета од Јутјуб. На оваа платформа, сепак, се уште постои снимка на која тие двајца ја изведуваат таа песна во едно шоу.

И така, единственото видео за нивната дуетска песна „Далеко си“, која ја снимија во 2012 година, и „Љубав у доба кокаина“, која ја објавија во 2016 година, остана на Јутјуб.

Да потсетиме, пријателството меѓу нив се распадна, објави пејачката на својот Инстаграм профил. Проблемот, како што објасни, настана околу нивниот најнов дует „Сватови“, инаку песна на Лукас од 1996 година, бидејќи пејачот и неговиот тим соработници наводно не го почитувале договорот што го имале.

Не сакаше да пишува за деталите, но нагласи дека наскоро повторно ќе се огласи и ќе објасни за што се работи. Поради проблемот што настана, видеото беше повлечено од Јутјуб само 24 часа по објавувањето.