ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.Ф.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 28.01.2021 ул.„Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле преглед кај пријавениот и контрола во возилото кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана.