недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17-годишен фудбалер на Јувентус

ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17-годишен фудбалер на Јувентус

Младиот фудбалер на Јувентус, Брајан Додиен почина вчера на само 17 години. Тој долго време се бореше против карциномот, но не успеа да го победи.

Му беше дијагностицирана болеста уште во 2015 година, но четири години подоцна тој се врати на терените и одигра натпревар за тимот до 15 години на „Старата дама“. Сепак, ракот повторно се врати, а починал вчера.

Оваа вест силно го погоди Пол Погба, кој го запозна младиот Брајан уште кога го носеше дресот на Јувентус.

„Најтажни вести. Моите мисли и молитви се со сите вас најблиските. Загубата на некој што го сакате никогаш не е лесна, но јас никогаш нема да те заборавам“, напиша Погба за фудбалерот.