недела, 14. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кои се тие решенија кои Заев веќе ги договорил со Бугарија?

Кои се тие решенија кои Заев веќе ги договорил со Бугарија?

Според премиерот Зоран Заев, сите информации укажуваат на тоа дека во Бугарија, заедно со претседателските, во ноември ќе има и нови трети парламентарни избори. Заев вели дека се надева дека по нивното завршување ќе биде формирана нова бугарска Влада, со која ќе може, како што рече, да се разговара за да се најде решение и да се одблокира процесот на почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ.

-Имајќи го тоа предвид, јас очекувам дека крајот на ноември, целиот декември можеме да ги заокружиме прашањата заради тоа што ние ги имаме адресирано сите прашања. Како што реков, преку патоказот ги имаме сите адресирани коишто значат гаранции преку рокови и надлежни институции за зголемување на ефикасноста на реализацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, рече Заев.

Што се крие зад овој оптимизам на премиерот?

Бугарската страна не крие зошто застана на македонскиот пат кон почеток на преговорите со ЕУ, па се отвора прашањето што се сменило во меѓувреме!

Додека македонската Влада не беше транспарентна пред јавноста во процесот, информациите ги добивавме од бугарски политичари и медиуми. Веднаш по одекнување на веста дека сме добиле бугарска блокада, политичарите од Бугарија излегоа и со образложение.

Захариева, во име на бугарската влада, тогаш рече дека бараат Скопје да ја признаело наводната историската вистина, односно корените на македонскиот јазик и нацијата, да престанат со тврдењата за македонско малцинство во Бугарија. Потоа таа имаше забелешки за негативни публикации во Македонија за нивната земја, за изградбата на Коридорот 8, за работата на заедничката мешовита комисија за историски и образовни прашања, a последно рече и дека не може во ЕУ ако земјава се уште го слави, како што го нарече, југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито.

Кога сега Заев е така убеден дека ќе најде решение со Бугарија, се поставува прашањето – што договорил со нив?

Бевме многу пати сведоци дека македонскиот премиер ги менува ставовите, ги повлекува црвените линии, попушта, преговара и тргува, па оправдано е да се посомневаме дека тоа ќе го направи и сега.

Барањата на бугарската страна, за македонскиот народ се неприфатливи. Но, оптимизмот со кој настапува сега Заев, е загрижувачки. Премиерот мора да одговори кои се тие решенија кои Заев веќе ги договорил со Бугарија?

Најнови вести