СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.С.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 22.04.2021 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле марихуана, амфетамин и метилен-диоксиметаамфетамин .