недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ФРАНЦИЈА: Училиштата и патиштата затворени, една личност исчезнала (ФОТО+ВИДЕО)

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ФРАНЦИЈА: Училиштата и патиштата затворени, една личност исчезнала (ФОТО+ВИДЕО)

Невреме проследено со врнежи од дожд вчера ги блокираше патиштата и железницата во јужна Франција, додека дел од училиштата беа затворени, а нормализирање на железничкиот сообраќај се очекува само за време на викендот.

Едно лице исчезнало вечерта, додека еден работник го погодил гром, објави префектурата Ним. Автопатот меѓу Ним и Монпелје бил привремено затворен, а железничкиот сообраќај меѓу двата града бил отежнат.

Според железничкиот оператор, делови од пругата се целосно под вода и блокирани, а се проценува дека тие нема да бидат вратени во сообраќај до викендот.

Обилни врнежи се очекуваат и денеска, а издадено е предупредување од втор, највисок степен за околу 13 административни области.

Во областа Гард, сите училишта кои биле најпогодени во вторникот ќе останат затворени. Министерот за внатрешни работи пристигна во погодената област вечерта, изрази поддршка за жителите и ги повика да бидат крајно внимателни во наредните денови. Тој рече дека 900 пожарникари и работници за цивилна заштита се распоредени во регионот.