На 21.09.2021 во 12.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Диме Димески“ во Прилеп, велосипед управуван од засега непознат возач удрил во малолетен пешак од Прилеп, по што го напуштил местотото на настанот.
Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.