недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Македонија и она на „С“ во различни временски зони

Македонија и она на „С“ во различни временски зони

И додека Папата во МАНУ го метна на колена Зоче и воспитно го замлати, ДИК удри во гонгот и Македонија влезе во изборна кампања. Таа Заевата на „С“ пак, која НАТО ја брани, а ЕУ ја храни, одамна е во кампања поради другата временска зона во која се наоѓаат, како и се’ друго. Да, имаме тотално различни вредности, состојба на умот, однос кон македонштината, патриотизмот и љубов кон татковината, проекции за иднината, чувство за одговорност и сосема инакво чувство за почит кон великаните и историјата. Па чуму не и различна временска зона, тоа би било наједноставното објаснување. И онака егзистираме во некои паралелни диманзии. Со Њујорк сме 6 часа разлика, со Лондон еден,  а со Заевци 72 години. Тие се’ уште живеат во 1949-та…

Соочени со временската разлика, на една страна имате освестени Македонци, а на другата  лукративна северна банда која припадноста кон македонскиот народ ја користи само како средство за да дојде до пари и моќ. А им затребаат и „замањкаат“ истите, поради кусокот во џебот и на конто, глумат инстант Македoнци, кои на дело ги нема никаде. Докажаа, со односот кон името, двојазичноста, уставот, со историја бришење и редица други злодејанија. Презентираа ачик и јавно дека немаат ниту абер, ни трунка македонштина во себе. Дури и БЦ покажа дека Заевци се нововерци, секта. А тоа опортунистичкото „помакедончување“ и трансформација најмногу и најчесто им се случува пред и на избори. Кога им требаат гласови. Ах, да, сега де. Та наеднаш им светнува дека се Македонци, за да пак бидат избрани и пак да крадат, лажат и угнетуваат Македонци и македонштина да ништат. Парадоксално, нели? Уште погрдо, некој и им верува? Јок, и тие „беливерите“ или „верувачите“, само сакаат да се омрсат…

Тоа лажното помакедончување, пак, секогаш оди во пакет со мито, корупција, закани, заплашувања, лажни ветувања и најголемата лага за демек инвестиции и подобар живот. Да, порано „носеа“ и бесплатно здравство во ЕУ, па и датум со тоа дигнатите палчиња во авиончето „донесоа“ пред три ипол години. Знаете колку е контрадикторно и грдо кога некој некого лаже дека ќе му донесе повеќе пари само за да му земе уште повеќе пари на истиот??? Бедно, дно, нели…

Па сега, на Зоче му текна дека ќе носел инвестиции, та синхронизирано со Алија глумеа идилични семејни луѓе попишувајќи се со фамилија, а тетовската трагедија ја ишкаат као ѓавол темјан, оти таа толку многу и најдобро зборува за нивната основна животна филозофија. Пари и моќ. Без скрупули, емпатија, срам и перде. Брзи и лесни, ама пари. По секоја цена. Многу  пари. И толку…

Игрите ќе траат. Овие 20 дена ќе потрошат баснословни, украдени од вас суми за да ве убедат да го дадете својот глас за нив за да го продолжат пељешењето и националниот погром, ќе дубат на глава и на трепавици, ќе ви досадуват по дома и во секое маало, телевизор не ќе се пушта, интернет уште помалу…

Да беше пред 10-на години, ќе ви речев да ги ставите на игнор со кампањскиот атак врз сите сетила, но сега не морам. Знам дека знаете со кои антимакедонски црпнати дилајли си имаме работа, нема потреба од објаснувања и предупредувања, се’ се гледа од авион. Исклучете се и чекајте го 17-ти, па на Заевче да му ја тргнеме насмевката од лице…