вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган најави бојкот на Израел по изборите

Ердоган најави бојкот на Израел по изборите

Турција ќе ги ревидира економските односи со Израел по претстојните избори на 24 јуни, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Изјавата на Ердоган доаѓа откако Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) одлучи да воведе ембарго за израелските производи.

– Се надевам дека земјите од ОИЦ ќе ја спроведат одлуката за ембарго во пракса, изјави тој. – Ние, се разбира, исто така, ќе ја процениме ситуацијата. Турција ќе ги преиспита своите односи со нив (Израел), особено економските и трговските, додаде Ердоган.

Тој прецизираше дека чекорите во оваа насока ќе бидат преземени по изборите.

Во петокот во Истанбул се одржа вонредна средба на Организацијата за исламска соработка, на која Турција ги повика муслиманските земји да се обединат во одбрана на Палестинците против Израел и предупреди дека американската одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел е само првата од многуте акции против исламскиот свет.

МИА