четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

УШТЕ ЕДЕН СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС – Крит денеска повторно се тресеше (ВИДЕО)

УШТЕ ЕДЕН СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС – Крит денеска повторно се тресеше (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит, ден по земјотресот во кој едно лице загина, а неколку се повредени.

Геодинамичкиот институт во Атина изјави дека земјотресот во вторникот наутро, најсилниот од десетиците што го погодиле островот, го имал епицентарот на 22 километри југоисточно од Ираклион, главниот град на Крит и четвртиот по големина во Грција.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Kрит во понеделникот. Едно лице загина откако се урна црква во село во близина на епицентарот.