петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Франција не се противи на двегодишно Светско првенство

Франција не се противи на двегодишно Светско првенство

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција Ноел Ле Гре порача дека не се противи на плановите на ФИФА во иднина светските првенства да се одржуваат на секои две години.

Ле Гре, кој е член на Советот на ФИФА, рече дека „би било грешка проектот внимателно да не се разгледа“.

– Не се противам на одржување Светско првенство на секои две години, иако сакам внимателно да се разгледа, изјави првиот човек на францускиот фудбал.

Мнозинството европски федерации, предводени од УЕФА, остро се противат на плановите на ФИФА, заканувајќи се со бојкот во случај на реализацијата на таквата идеја.