понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Руска подморница успешно ги тестираше ракетите „Булала“

Руска подморница успешно ги тестираше ракетите „Булала“

Руската стратешка нуклеарна подморница од класата Бореј, „Јури Долгоруки“ успешно тестираше четири интерконтинентални балистички ракети „Булала“.

„Стратешката нуклеарна подморница „Јури Долгоруки“ вчера успешно тестираше четири интерконтинентални балистички ракети „Булала“ од подрачјето на Белото Mоре кон цели на полигонот Кура на полуостровот Kамчатка“, соопшти прес- службата на руската флота.

Ракетите биле лансирани додека подморницата била под површината на водата.

„Булала“ има дострел од десет илјади километри и може да носи десет боеви глави со јачина од 150 килотони.

МИА