среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бин Зајед: ОАЕ ја надминаа кризата со Ковид-19

Бин Зајед: ОАЕ ја надминаа кризата со Ковид-19

Престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед денеска изјави дека во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) месецов се регистрирани најмал број заразени со Ковид-19 од летото минатата година, што значи дека е надмината кризата со коронавирусот.

– Сакам сите да Ве уверам дека нашите животи мора да се вратат во нормала, посочи бин Зајед.

Помалку од 200 нови случаи на Ковид-19 се пријавени во седумте емирати на ОАЕ овој месец, што најмала бројка од август минатата година.

Иако животот во ОАЕ во голема мера се врати во нормала се уште во сила е носење маски и држење на социјална дистанца.

Во ОАЕ регистрирани се над 737,000 инфицирани лица со Ковид-19 и 2.104 смртни случаи.