недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кејн со поддршка на одлуката жена да биде именувана како главен судија на натпревар на Англија

Кејн со поддршка на одлуката жена да биде именувана како главен судија на натпревар на Англија

Фудбалерот на Англија, Хари Кејн, искажа поддршка за назначување жена за главен судија на англиската репрезентација синоќа на гостувањето во Андора.

Англија победи со 5:0 во квалификациски меч за Светското првенство 2022.

– Ова е првпат жена да и суди на Англија и ова треба да биде прво од многуте. Историјата се оствари и ние сме чекор поблиску до Светското првенство, напиша Кејн на Твитер.

Правдата на овој меч ја делеше Украинката Катерина Монзул. Асистенти беа нејзините сонароднички, Марина Стрилетскаја и Светлана Грушко.