среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ПОВТОРНО СИЛЕН ЗЕМЈОТРEС НА КРИТ – зградите испукале од потресот (ФОТО)

ПОВТОРНО СИЛЕН ЗЕМЈОТРEС НА КРИТ – зградите испукале од потресот (ФОТО)

Катастрофален земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.

Епицентарот бил на 120 километри од Хераклион, а земјотресот бил регистриран на длабочина од пет километри.

Засега нема информации за повредени, а грчките медиуми јавуваат дека жителите излегле на улица. Земјотресот е регистриран во 12:24 часот по локално време.

Според градоначалникот на Ситија, Јоргос Зевакис, земјотресот предизвикал штета. Дури и зградата на градското собрание беше оштетена.