Малата црква Свети Никола се урна во разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди Крит. Црквата, сместена во Ситија, не можела да ги издржи силните потреси на грчкиот остров.
Како што може да се види на фотографиите објавени од Крета во живо, црквата е речиси срамнета со земја, а само едната страна од ѕидот не беше срушена.
Она што е невообичаено, само една икона остана да стои среде урнатините.