сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата фати две лица кои поседувале марихуана

Полицијата фати две лица кои поседувале марихуана

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.В.(21) и А.С.(34), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При преглед врз Е.В., извршен на 17.02.2021 пред угостителски објект на магистралниот пат Кичево-Охрид, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

При контрола, извршена на 22.06.2021 на бул.„Ослободување“ во Кичево, кај А.С. била пронајдена и одземена марихуана.