Рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва се соочува со сериозен проблем откако беше обелоденето дека Торнике Шенгелија ќе мора да паузира два месеци по повредата на рамото заработена минатата недела.
Грузиецот одигра феноменално постигнувајќи 33 поени во победата над Зенит, но притоа заработи незгодна повреда.
„Нашиот кошаркар Торнике Шенгелија ќе мора да мине подолго време надвор од терените, по повредата заработена на мечот со Зенит. Врз Шенгелија беа извршени детални прегледи во ГМС Клиниката, а првите лекарски прогнози велат дека Токо ќе паузира најмалку два месеци“, објави ЦСКА на својата официјална веб-страница.