На 15.10.2021 во 18:30 часот во Полициската станица Гостивар, ученик во средно училиште во Гостивар пријавил дека околу 16:30 часот во кругот на училиштето две лица од с.Добридол, кои ги познавал, дошле и започнале физичка пресметка со него и неговите другари.
При нападот едниот од нив со остар предмет му нанел повреда на раката.
Се работи на расчистување на случајот.