Во Полициска станица Гостивар вчера околу 21:30 часот повикан е Е.Ј.(44) од гостиварски Градец.
Полицијата, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, постапила по пријава според која вечерта на 17 октомври околу 21 часот со огнено оружје пукал на прослава пред штаб на политичка партија во Неготино-Полошко.
-Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. На посоченото место пронајдени и подигнати за вештачење се две празни чаури, а од Е.Ј. одземен е, исто така, за вештачење и пиштол што го поседувал со дозвола, посочува Јосифоски.