Иако има шпанско државјанство, Георгина Родригез (27) е родена во Буенос Аирес во Аргентина, но најголем дел од животот го поминала во Шпанија.
Нејзиниот татко Хорхе е Аргентинец кој бил фудбалер во минатото, а почина пред точно две години, додека нејзината мајка Ана Марија е Шпанка.
View this post on Instagram
Хорхе десет години поминал и во затвор поради тргување со дрога, додека неговите две ќерки Георгина и Ивана живееле со нивната мајка во голема сиромаштија.
Убавата Георгина освен со манекенството се занимавала и со танцување, но не успеала да биде професионална балерина, кратко работела и како келнерка во еден ресторан.
View this post on Instagram
Нејзината мајка трагично загинала во 2011 година, па таа заминала за Англија да ја пронајде својата среќа. Работела како дадилка и чистачка за да може да си го плати факултетот.
View this post on Instagram
По завршувањето на студиите се вратила во Мадрид каде се вработила во продавница на Гичи кога во 2016 година се случила нејзината судбинска средба со Роналдо (36).
View this post on Instagram
Фудбалерот и убавата Георгина се заљубиле на прв поглед, а потоа ја добија и ќерката Ален Мартин.
View this post on Instagram