Европската фудбалска федерација (УЕФА) во соработка со јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) имаат идеја репрезентациите на Бразил и Аргентина, да се приклучат на европската Лига на нации.
Оваа идеја веќе подолго време „срамежливо“ се најавува, но сега веќе започнува стартот на реализацијата.
Засега не се знае на кој начин Бразил и Аргентина ќе се приклучат на Лигата на нации, но најверојатни се две опции.
Едната е двата јужноамерикански гиганти да се приклучат во завршницата и тоа заедно со двете најдобри селекции од Европа, додека другата е поверојатна.
Четирите најдобри репрезентации во Европа, заедно со Бразил и Аргентина ќе формираат две групи од по три репрезентации и двете најдобропласирани ќе одат во полуфиналето. Тоа значи дека финалистите ќе треба да одиграат по четири натпревари, а не како што е сега, кога се играат само два меча во завршницата (полуфинале и финале).