понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ирак почна офанзива за преземање на бастион на Исламската држава

Ирак почна офанзива за преземање на бастион на Исламската држава

Ирачката армија започна нов обид за прогонување на бунтовниците од Исламската држава од контролираната област во северниот дел на Ирак, информираат од службата за безбедност.

Ирачките војници се поддржани од авијацијата, шиитската милиција Сили за народна мобилизација. Тие имаат за цел да ги принудат екстремистите да го напуштат теренот меѓу северните провинции Дијала и Салах ад Дин, каде што радикалните сунитски групи, се уште се активни.

МИА