вторник, 2. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

УХМР со прогноза- еве какво ќе биде времето до петок

УХМР со прогноза- еве какво ќе биде времето до петок

Во следните два дена ќе биде претежно ведро со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата.

Утре наутро ќе биде студено, на повеќе места со негативни температури и со услови за слаба утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Од четврток пак, облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.

Најнови вести