петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Дали Ахмети одлучува како ќе се одвиваат работите во СДСМ?

Дали Ахмети одлучува како ќе се одвиваат работите во СДСМ?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред некој денн во изјава за „Слободен печат“ вели дека не може да отпадне договорот на ДУИ за „100 дена Албанец премиер пред парламентарните избори“, доколку Зоран Заев ја реализира оставката.

Договорите не се направени за да се укинат според моментални желби. Ништо нема, ниту е разговарано и оспорувано прашањето за договорот, изјави Ахмети.

– Договорите не се направени за да се укинат според моментални желби. Ништо нема, ниту е разговарано и оспорувано прашањето за договорот. Но, ние зборуваме за следните чекори како да се надмине оваа емотивна одлука на Зоран Заев и ќе работиме заедно за да најдеме најодржливи решенија. Имаме пишана и документирана спогодба. На заедничката конференција со Зоран Заев ова прашање беше потврдено усно, но и во заедничката интерна изјава што се потпишува меѓу партиите. Но, тоа го потврдивме и на прес-конференција, а на новинарското прашање не одговорив, туку му се обратив на Зоран Заев, и тој одговараше за ова прашање. Дебатата е повеќе дневно-политичка, отколку суштинска, изјави Ахмети.

Од тука излегува прашањето, дали лидерот на ДУИ Али Ахмети одлучува како ќе се одвиваат работите во СДСМ, и дали токму тоа е причината за одолговлекувањето на оставката на Заев и консултациите кои што траат со денови останува да се види.

Инаку Ахмети, меѓудругото е дециден и вели дека договорите не се направени за да се укинат според моментални желби.

Оставката на Заев следеше после дебаклот кој што го доживеа неговата партија во првиот и вториот круг од локалните избори, на кои што СДСМ освои само 16 помали општини и помалку гласови на советничките листи на целата територија на Република Македонија.

Најнови вести