Кошаркарите на Феникс 2010 дојдоа до победа над Гостивар (87-81) во единствениот меч од денешната програма во првата македонска лига.
Средбата во СЦ „Јане Сандански“ донесе две сосема различни полувремиња, прво во кое домаќините за нијанса беа подобри и на пауза отидоа со 46-40. Вторите 20 минута пак ретко се гледаат на терените, особено на нашите и тоа во најсилната конкуренција.
Имено избраниците на Дервишевиќ се заглавија во третиот период во кој дадоа само три поени (3-28) и со тоа му овозможија на Гостивар комплетно да го сврти резултатот и да создаде убедливо водство од 19 разлика (49-68).
Пет играчи кај побендикот беа двоцифрени, најдобар стрелец беше Џоунс со 21 поен. На спротивната страна залудни беа 27 кошеви на Ворку.