недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ахмети го спаси Заев, сега останува уште да избере и лидер на СДСМ

Ахмети го спаси Заев, сега останува уште да избере и лидер на СДСМ

Вчерашниот ден е оценет како скандалозен за демократијата во Македонија. Имено, кога требаше да се гласа за доверба на влада, сосема случајно и без никој да знае, утрото на седница не се појави пратеникот од редовите на БЕСА Кастриот Реџепи чиј потпис стоеше на иницијативата за пад на владата. Од вчера наутро се уште нема ни трага ни глас за тоа каде се наоѓа пратеникот Реџепи, освен еден статус и едно кратко видео од непозната просторија кое беше објавено на неговиот Фејсбук прифил дека со него е се во ред и дека нема простор за загрижување бидејќи тој бил добар и застанал на страната на НАТО и ЕУ.

Инаку видеото се појави на Фесбук веднаш откако лидерот на БЕСА Билал Касами во изјава за медиумите најави дека ќе го пријави во полиција како изгубен.

Во текот на вчерашниот ден, опозициските албански партии обвинуваа дека зад исчезнувањето на Кастриот Реџепи стои ДУИ, констатирајќи дека тие би направиле се само да останат на власт и да продолжат со нивните криминали а со тоа и да го спасат премиерот Заев од истите криминали кои во текот на овие 5 години заедно ги правеле како владини коалициони пратнери. Дури и некои од медиумите вчера пишуваа дека исчезнатиот пратеник од редовите на Движењето БЕСА се наоѓа во седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таквите информации не беа целосно потврдени.

Па така, со мистериозното исчезнување на пратеникот Кастриот Реџепи непосредно пред почетокот на собраниската седница каде требаше да се гласа за пад на актуелната влада, може слободно да се заклучи дека и овој пат Али Ахмети успеа некако да го спаси Зоран Заев од заминувањето од премиерската функција.
Една мисија на Али Ахмети заврши, го спаси Зоран Заев да остане уште некое време на премиерската фотелја. Сега на Ахмети му останува уште да му спаси на Заев лидерското место во СДСМ или пак евентуално да избере нов лидер на СДСМ.

Имено, вечерта по изборите, Зоран Заев поднесе оставка од фнкциите премиер и претседател на СДСМ. Меѓутоа, ваквиот потег од страна на Заев не му се допадна на неговите коалициони партнери во владата а посебно на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Очигледно е дека конците на македонската почитичка сцена ги влече долгогодишниот и до сега единствен лидер на Демократската унија за интеграција Али Ахмети. По најновиот тек на настаните, од после локалните избори, каде што на СДСМ на чело со Зоран Заев му се случи историски пораз и дебакл, премиерот кој најави оставка и од влада и од лидерската позиција во партија, никаде го немаше неколку дена, наспроти Али Ахмети, кој за разлика од порано сега е многу по застапен во медиумите.

Ахмети остро се спротивстави по најавите на Заев за поднесување на оставките, тврдејќи дека тие како партија не ја прифаќаат неговата оставка, дека таа е избрзана и е донесена бес консултации со нив како коалициони партнери. Тој исто така, во една прилика истакна дека тие со Заев имаат договори, како што е и 100 дена пред завршување на неговиот мандат Македонија да има премиер Албанец. Ахмети истакна дека тие договори не се направени за да се укинат според моменталните желби и емотивната состојба на премиерот.

По се изгледа дека Ахмети не го дава Заев, затоа што се плаши можеби, дека нема да може да го реализира договорот кој тој, само усно, го склучил со сега веќе премиерот во заминување, Заев и кое прашање беше круцијално за ДУИ за време на изборната кампања на предвремените парламентарни избори од минатата 2020 година, а тоа е премиер на државата Албанец.

Меѓутоа, оставката на Заев ги комплицира плановите на Ахмети, затоа што не е јасно дали неговиот наследник ќе ги почитува усните договори кои што Заев ги склучил со албанските партии со цел само да формира Влада.

Од тука, сега се поставува прашањето, дали е во потрага и каков лидер на СДСМ ќе му избере Али Ахмети, затоа што се чини дека тој одлучува како ќе се одвиваат работите во СДСМ. Секако Ахмети е заинтересиран на чело на СДСМ да дојде некој друг послушник исто како претседателот во оставка, Зоран Заев и дали токму тоа е причината за одолговлекувањето на оставката на Заев и консултациите кои што траат со денови, и каде на крај се одлучи доставката да ја одложи на неодрено време, наводно се додека се стабилизира парламентарното мнозинство?

Најнови вести