четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пожар во ковид-одделение во Сливен, загинаа три лица

Пожар во ковид-одделение во Сливен, загинаа три лица

Три лица загинаа во пожар во ковид-одделение во болница во Сливен. Сигналот за пожар на ковид-одделението бил примен во 02.39 часот. Целото одделение на болницата во градот Сливен горело, јави дописникот на МИА од Софија.

Во болница се испратени две противпожарни екипи. За време на гаснењето на пожарот биле пронајдени две лица кои починале на самото место.

Третиот пациент со амбулантно возило бил пренесен во Медицинскиот центар во Сливен со повеќе изгореници, а оттаму во специјализираната клиника за изгореници во Пловдив, но малку подоцна и тој починал.

Бугарските медиуми јавуваат дека загинатите се мажи на возраст од 66, 70 и 81 година.