понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

10 точки за промена на името- Заев и Ципрас ќе потпишат промена на името во Преспа на почетокот од јуни?!

10 точки за промена на името- Заев и Ципрас ќе потпишат промена на името во Преспа на почетокот од јуни?!

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот ФБ профил објави план, според кој наводно ќе тече промената на името и добивањето на покана за членство во НАТО.

Милошоски овој план го објави на англиски јазик, а за насловна фотографија ја избра оваа илустрација.

Тој напишал 10 точки, кои според него, го прикажуваат однапред договореното сценарио меѓу Македонија, Грција и меѓународната заедница:

1. Дефинирање на новото име во наредните денови преку канал за комуникација помеѓу Заев и Ципрас.

2. Потпишувањето на договорот за промена на името од страна на Ципрас и Заев на состанокот во Преспа, почетокот на јуни.

3. Договорот за промена на името оди до Парламентот во Скопје, кој ќе го одобри 61 пратеник со просто мнозинство.

4. Грција ќе испрати писмо до НАТО за да каже “да” за пристапувањето на Скопје под услов (т.е. членство само по уставната промена).

5. Грција ќе испрати писмо до ЕУ со кое ќе ги поддржува разговорите за пристап во Скопје, под услов  промената на Уставот да се во период од 12 месеци.

6. На 28 јуни, Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да добие датум за почеток на пристапните преговори.

6-а. На 11 и 12 јули Скопје ќе добие официјална покана за НАТО.

7. Референдум ќе се одржи во Скопје во октомври. Заев сака исход што ќе покаже дека мнозинството од неговите граѓани го прифаќаат рамковниот договор за промена на името.

8. Врз основа на очекуваното силно одобрување на референдумот од страна на социјалдемократите и албанските гласачи, Заев ќе побара од Парламентот, вклучително и опозициските партии, да поддржат со двотретинско мнозинство уставни измени на името. Ако некои пратеници артикулираат силно противење на промената на името, Специјалното обвинителство и другите владини институции ќе вршат соодветен притисок.

9. Договорот за промена на името на Скопје ќе дојде во грчкиот парламент за гласање, а потоа и во други земји ќе започне процесот на ратификација за членство во НАТО.

10. Земјите на ОН, ЕУ и НАТО ќе го признаат новото име на Скопје.

Најнови вести