Претставата „Кец на десетка“, јубилејно, по 50-ти пат ќе биде изведена вечер (20.00) на сцената во Македонскиот народен театар.
„Кец на десетка“ од авторот Митко Бојаџиски, а во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, ја воведува публиката во хумористичното дејство кое се одвива во едно сосема нормално семејство, при што ситуациите и околностите ги наведуваат ликовите во поинаква насока.
Улогите ги толкуваат Александар Микиќ – таткото Доксе, мајката Грациела – Тања Кочовска, ќерката Ана – Нина Деан/Софиа Насевска -Трифуновска и Тоше – Ивица Димитријевиќ/Стефан Спасов.
Претставата во изминатите години имаше повеќе гостувања и учества на домашни фестивали, а премиерно беше одиграна пред четири години на 17 ноември 2017 година.