недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Границите на Австралија остануваат затворени до 15 декември

Границите на Австралија остануваат затворени до 15 декември

Австралиската Влада соопшти дека поради појавата на новиот сој на коронавирусот Омикрон ја пролонгира одлуката за повторно отворање на своите граници.

Границите требаше утре да бидат отворени за вакцинираните биде утре е одложено за 15 декември. Исто така е одложено отворањето на границите за патниците од Јапонија и од Јужна Кореја до 15 декември.

Во владиното соопштение се истакнува дека „привременото одложување“ е со цел да се добие време за прибирање на информации „кои се потребни подобро да се разбере сојот Омикрон на вирусот“.

Австралија е земја во која процентот на вакцинирани граѓани е прилично видок. Прва доза од вацината против Ковид-19 примиле над 92 отсто од лицата постари од 16 години, а целосно имунизирани се 87 отсто.