Антителата кои се развиваат по претходна инфекција со делта сојот на коронавирусот можеби нема да обезбедат заштита од сојот омикрон, и обратно, изјави денеска генералниот директор на рускиот ДНК центар за молекуларни генетски студии Андреј Исајев за ТАС С.
– Големиот број на мутации значи дека вирионот на овој сој е структурно различен од вирионот на другите соеви – тие имаат различен протеин на шилец. Затоа антителата кај луѓето кои имале претходни соеви не можат да го „поддржат“ сојот омикрон. Ова значи дека не постои вкрстен имунитет помеѓу омикрон и другите соеви.
Затоа, антителата што се развиле по омикрон нема да го заштитат човекот од делта, и тоа е точно во двете насоки. Значи, ковид е поделен на две „популации“: ковид-Д и ковид-О, како што точно напиша еден познат биолог – рече Исајев.
Виронот е стабилна инфективна вирусна честичка која се ослободува од клетка и е способна да инфицира други клетки од ист тип.
Тој исто така додаде дека поради големиот број мутации кај омикрон, тешко е да се предвиди како тие ќе се однесуваат во иднина.
– Овој феномен е сосема нов – додаде рускиот експерт.