четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Карлеуша по трагедијата и се обрати на нацијата: Со месеци размислував и јас на истото поради тоа што бев линчувана, да имав 20 години…

Карлеуша по трагедијата и се обрати на нацијата: Со месеци размислував и јас на истото поради тоа што бев линчувана, да имав 20 години…

Пејачката Јелена Карлеуша јавно побара јасен закон и затворска казна за сите они кои малтретираат луѓе на социјалните мрежи.

Таа сподели подолга порака на својот Инстаграм профил по трагичната вест дека се самоуби јутјуберката Кики Џукиќ пишувајќи дека сите треба да реагираме.

-Прво на семејството му изразувам најдлабоко сочувство, не сакам ни да ја замислам болката на семејството, мајката, во овој момент… второ како личност која со години е на удар од медиумите и психопатите на социјалните мрежи имам свое право да кажам дека на сите ни се крвави рацете, сите како друштво сме криви! Тоа што сум јас силна како животно и сум научена од мали нозе да не ме навредуваат и напаѓаат, не значи дека секој е јак и не значи дека тоа е нешто на што треба да се навикнете како да е нормално. Не е нормално да те навредуваат илјадници малоумници без слика и име на кој ниту едно зло не сум им направила, ниту во сенка сум им стоела, пишува Карлеуша.

Таа додава дека во 2019 година кога доживеала страшен медиумски линч и кога голите делови од нејзиното  тело биле насекаде по медиумите, со месеци помислувала активно на најлошото…

-Од стресот ми падна косата, но бев јака поради моите деца и мајка и денес сум жива! Да сум имала 20 години како оваа девојка резултат најверојатно би бил друг. Зар треба да се плашиме од животот на нашите деца? Сега треба да реагираме и да бараме закон со кој они кои малтретираат други по социјалните мрежи ќе се осудат на затворска казна, ЈАВНО, вели таа.

Таа откри и дека дневно блокира по 1.000 профили преку кои и се посакува смрт на неа и нејзините деца.

Најнови вести