Шефот на СЗО Тедрос Гебрејесус вели дека омикрон не опоменува, и дека ситуацијата е опасна.
Тој е разочаран што многу од земјите вовеле целосна забрана за патување на југот од Африка поради омикрон. Се надева дека светот ќе го поддржи принципот на транспарентност кој ќе ни помогне во ставање крај на пандемијата.
СЗО денеска изрази загриженост дека богатите земји, кои се загрозени поради појавата на сојот Омикрон, би можеле да ги зајакнат напорите за складирање на вакцини против Ковид-19.
„Како што се соочуваме со Омикрон ситуацијата, каква и да е, постои ризик глобалното снабдување повторно да заврши во земјите со високи приходи кои, на некој начин, претерано акумулираат заштитни вакцини“, изјави Кејт О’Брајан, шеф на одделот за имунизација, вакцини и биолошки производи на СЗО.
Омикрон го има во регионот, и во многу европски земји.