понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

И Роналдо и Бејл може да му подзавидат: Младо момче постигна гол со ножички за најавни шпици (ВИДЕО)

И Роналдо и Бејл може да му подзавидат: Младо момче постигна гол со ножички за најавни шпици (ВИДЕО)

На фудбалските терени редовно гледаме атрактивни голови, но головите дадени со популарно наречените ножички се она што е вистинско уживање за сите фудбалски фанови.

Оваа година со своите голови со ножички место на ударните шпици на телевизиите добија Кристијано Роналдо и Герет Бејл.

Португалецот Роналдо со ножички успеа да го матира Буфон во мечот против Јувентус, додека пак Бејл со уште поатрактивен гол и тоа во финалето успеа да го реши Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите во Киев.

А кога сме кај ваквиот вид на голови, тие не ги даваат само големите ѕвезди, туку и млади талентирани фудбалери. На интернет се појави видео снимка за која не знаеме каде е направена и кои се тимовите и играчот, но на таа снимка убаво се гледа голот со ножички кој едно младо момче го постигнува од нешто повеќе од 20 метри.