Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината против Ковид-19 од американската компанија Новавакс, која користи поконвенционална технологија и за која биотехнолошката компанија се надева дека ќе ги намали колебањата во однос на вакцините.
– ЕМА препорача издавање на условно овластување за пуштање на пазарот на вакцината на Новавакс, Нуваксовид, за заштита од Ковид-19 кај лица над 18-годишна возраст, соопшти Европската агенција за лекови.
Ова е петта вакцина препорачана за употреба во Европската унија.